Конструкција на паралелограм со зададени две страни и дијагонала
Направи го даденото - Цртање на зададените елементи . Внеси го првиот
лизгач со кликнување на површината за цртање, именувај го а, и задај
му интервал од 0 до 10 и чекор 0.1. Внеси го вториот лизгач со кликнување на
површината за цртање, именувај го b, и задај му интервал од 0 до
10 и чекор 0.1 Внеси го третиот лизгач со кликнување на површината за цртање
именувај го d1, и задај му интервал од 0 до 10 и чекор 0.1 Лабела: Користи
десен-клик за да ги направиш лизгачите: a црвен, b синa и d1 зелен. Кликни на површината за цртање за да ја
дефинираш првата точка на отсечката c, чија должина е еднаква на
вредноста на лизгачот a (во полето должина внеси a). Кликни на
површината за цртање за да ја дефинираш првата точка на
отсечката d, чија должина е еднаква на вредноста на
лизгачот b (во полето должина внеси b). Кликни на површината за
цртање за да ја дефинираш првата точка на отсечката е, чија должина е
еднаква на вредноста на лизгачот d1 (во полето должина внеси d1). Напомена: Подеси ги должините на отсечките со подесување на вредностите на
лизгачите. Одликување: Користи десен клик за да ги преименуваш отсечките c
-> a1 и d -> b1, е -> d2 и точките А -> A1, B -> B1, C-> C1, D-> D1, E ->E1 и F -> F1. Направи десен клик, избери "Карактеристики" во
јазичето Основно додај им наслови а, b и d1, и селектирај го (означи го) Прикажи го името: Наслов. Во
јазичето Боја избери ги следните бои за отсечките: a1 црвена, b1 сина и d1 зелена. Направи десен клик, избери
"Карактеристики" и во јазичето Основно фиксирај ги лизгачите a, b
и d1, и точките А1, B1, C1, D1, E1 и F1. Конструквија на паралелограмот - Конструкција на страната а. Кликни двапати на
површината за цртање, за да нацрташ полуправа. Лабела: Користи десен клик за да ја преименуваш полуправата
c ->p. Одликување: Десен клик врз втората точка што ја дефинира полуправата
(точка B), па деселектирај го Прикажи го објектот, за да ја сокриеш точката
(точката не е избришана, само не е видлива). Нацртај кружница со радиус еднаков
на должината на отсечката a и центар во точката A со кликнување на точките A1, B1 и A. Одликување: Десен клик врз кружницата избери "Карактеристики"
јазиче Боја избери црвена, jазиче Изглед (Облик):вид на линија=испрекината.
Нацртај точка C со кликнување на пресечната точка помеѓу кружницата c и правата
p. Одликување: Kористи десен клик за да ја применуваш точката C-> B. Конструкција на страната b и
дијагоналата d1 . Нацртајте кружница со радиус еднаков на должината на
отсечката b и центар во точката B со кликнување на точките C1, D1и B. Одликување: Десен клик врз кружницата d избери
"Карактеристики" јазиче Боја избери сина, јазиче Изглед (Облик):вид
на линија=испрекината. Нацртајте кружница со радиус еднаков на должината на
отсечката d1 и центар во точката A со кликнување на точките E1, F1и A. Одликување: Десен клик врз кружницата e избери
"Карактеристики" јазиче Боја избери зелена, јазиче Изглед (Облик):вид
на линија=испрекината. Нацртај точка C со кликнување на пресечната точка
помеѓу кружниците d и e. Нацртај точка D со кликнување на пресечната точка
помеѓу кружниците d и e. Одликување: Користи десен клик за да ја преименуваш точката D
-> C'. Нацртај ја дијагоналата d1 на паралелограмот со кликнување на точките А и C
Нацртај ја дијагоналата d1' на паралелограмот со кликнување на точките А и C' Одликување: Десен клик
врз отсечката f избери "Карактеристики" јазиче Боја избери зелена,
јазиче Изглед (Облик): Дебелина на линијата=3, јазиче Основно додај и
наслов d1 и селектирај го (означи го) Прикажи го името:
Наслов. Десен клик врз отсечката g избери "Карактеристики"
јазиче Боја избери зелена, јазиче Изглед (Облик): Дебелина на
линијата=3, јазиче Основно додај и наслов d1' и селектирај го (означи го) Прикажи го името: Наслов. Конструкција на првото решение на
задачата. Нацртај права h паралелна на полуправата p низ точката
C, со кликнување врз точката C и полуправата p. Одликување: Користи десен клик за да ja преименуваш правата h ->
q. Нацртај полуправа h која минува низ точките B и C. Одликување: Користи десен
клик за да ja преименуваш полуправата h -> m. Нацртај права h
паралелна на полуправата m низ точката A, со кликнување врз точката A и
полуправата m. Одликување: Користи десен клик за да ja преименуваш полуправата h
-> n. Нацртај точка во пресекот на правите q и n. Нацртај го паралелограмот
со кликнување на точките A, B, C, D и А. Конструкција на второто решение на задачата. Нацртај права h
паралелна на полуправата p низ точката C', со кликнување врз точката C' и
полуправата p. Одликување: Користи десен клик за да ja преименуваш правата h ->
q'. Десен клик врз полуправата q' избери "Карактеристики" јазиче Боја
избери сива, jазиче Изглед (Облик):вид на линија=испрекината. Нацртај полуправа
h која минува низ точките B и C'. Одликување: Користи десен клик за да ja преименуваш правата h ->
m'. Десен клик врз полуправата m' избери "Карактеристики" јазиче Боја
избери сива, jазиче Изглед (Облик):вид на линија=испрекината. Нацртај права h
паралелна на полуправата m' низ точката A, со кликнување врз точката A и
полуправата m'. Одликување: Користи десен клик за да ja преименуваш правата h
-> n'. Десен клик врз полуправата n' избери "Карактеристики"
јазиче Боја избери сива, jазиче Изглед (Облик):вид на линија=испрекината. Нацртај точка во
пресекот на правите q' и n'. Одликување: Користи десен клик за да ја преименуваш точката E ->
D'. Нацртај го паралелограмот со кликнување на точките A, B, C', D' и А. Лабела: Користи
десен-клик за да ги направиш отсечките a2 и а3црвени, b2 и b3 сини. Десен клик на паралелограмот Многуаголник 1 избери
Карактеристики, јазиче Боја виолетова. Десен клик на паралелограмот
Многуаголник 2 избери Карактеристики, јазиче Боја сива . Одликување: Десен клик на
отсечката c1 деселектирај го Прикажи го името. Истото повтори го и
за отсечката d3. Десен клик на отсечката a2 избери "Карактеристики" јазиче Боја црвена,
јазиче за Изглед (Облик): дебелина на линијата=3, јазиче Основно дадај и наслов
а и селектирај го (означи го) Прикажи го името: Наслов. Во левиот дел од
прозорецот "Карактеристики" избери ја отсечката b2, јазиче Боја
сина, јазиче за Изглед (Облик): дебелина на линијата=3, јазиче Основно дадај и
наслов b и селектирај го (означи го) Прикажи го името: Наслов. Десен клик
на отсечката c' деселектирај го Прикажи го името. Истото повтори го и за
отсечката d'. Десен клик на отсечката c' избери
"Карактеристики", јазиче за Изглед (Облик):Вид на
линијата=испрекината. Истото повтори го и за отсечката d'. Десен клик на
отсечката a3 избери "Карактеристики" јазиче Боја црвена,
јазиче за Изглед (Облик): дебелина на линијата=3, Вид на линијата испрекината,
јазиче Основно дадај и наслов а и селектирај го (означи го) Прикажи го
името: Наслов. Во левиот дел од прозорецот "Карактеристики" избери ја
отсечката b3јазиче Боја сина, јазиче за Изглед (Облик): дебелина на
линијата=3, Вид на линијата испрекината, јазиче Основно дадај и
наслов b и селектирај го (означи го) Прикажи го името: Наслов. Кликни
Затвори. Проверка на конструкцијата. Кликни и влечи ги лизгачите, за да ги промениш страните и
дијагоналата на паралелограмите ABCD и ABC'D'. Сними ја
конструкцијата. Команда: Датотека -> Сними.