Google Classroom
GeoGebraTarefa

Испитување на функција

Во полето за функција f(x) внеси ја функцијата која ќе ја испитуваме. Графикот се исцртува на Површината за цртање 1. Со движење на лизгачот а се поместува точка која припаѓа на функцијата со координати A=(a,f(a)).
Df - Со чекирање на полето и движење на лизгачот а на x-оската се претставува дефиниционата област на функцијата, Vf - Со чекирање на полето и движење на лизгачот а на y-оската се претставува множеството вреднооти на функцијата, Пресек со y-оска - Со чекирање на полето се покажува точка со координати во која функцијата f(x) ја сече y-оската, Пресек со x-оска - Со чекирање на полето се покажуваат точките со координати во кои функцијата f(x) ја сече x-оската, Асимптоти - Со чекирање на полето се покажуваат асимптоите на функцијата f(x).