Панорамско тркало
Џиновско панорамско тркало се наоѓа во паркот. Пркажана скица во геометрискиот прозорец.
Панорамското тркало има надворешен дијаметар 120m, а неговата највисока точка се наоѓа на 130m над површината на земјата. Тркалото се врти во насока што ја покажуваат стрелките.
Кликни на копчето Play.
Наблудувај го движењето на панорамското тркало.
а) Точката О претставува центар на тркалото. На колку метри се наоѓа точката O од површината на земјата?
Одговор: 70m
Панорамското тркало се движи со константна брзина. Тркалото прави пол круг за 40 минути.
б) Марко се качува да се вози на Панорамското тркало во почетната точка A.
Во која точка ќе се наоѓа Марко после 10 минути возење.
Колкав е централниот агол што се добива при ова движење?
Одговор: Во точка B и централен агол од 90 аглови степени.
в) Лука се качува да се вози на Панорамското тркало во почетната точка A.
Во која точка ќе се наоѓа Лука после 30 минути возење.
Колкав е централниот агол што се добива при ова движење?
Одговор: Во точка D и централен агол од 270 аглови степени.