Задачи за проценти

Задачи за проценти Упатсво: Решавајте во пар. Анализирај која стратегија ќе ја користите. Пресметките можете да ги правите индивидуално. Првите пет задачи се дадени во нивоа (1 – најлесно, 5- најтешко) Задача 1- Н1: Пресметај 45% од 7000? Задача 2 - Н2: Цената на еден автомобил во јануари изнесувала 9800 €, а сега се продава со попуст од 15%. Колку изнесува новата цена на автомобилот? Задача 3 -Н3: Симон купил футрола за телефон за 850 ден., а подоцна ја продал за 510 денари. За колкав процент е намалена вредноста на футролата? Задача 4 -Н4: Велосипед на распродажба чини 7500 денари. Цената потоа се зголемила за 10%. а. Која е новата цена на велосипедот? б. По една недела откако се зголемила цената таа е намалена за 10%. Објасни зошто цената не се вратила повторно на 7500 денари! Задача 5-Н5: Една библиотека порачала извесен број на книги. Со првата пратка добила 507 книги. Колку книги порачала, ако треба да добие уште 35% од порачаните книги?