Google Classroom
GeoGebraGeoGebra Classroom

Конструкција на нормална права

Нека се дадени права p која минува низ точки A и B и точка R која не лежи на правата. Со отвор на шестарот повеќе од растојанието на точката R до правата p, цртаме кружен лак кој ја сече правата p во точки P и Q. Со истиот отвор на шестарот цртаме кружни лаци со центри во P и Q. Пресекот на кружните лаци е точка S. (Другата пресечна точка е точката R). Со поврзување на точките R и S ја добиваме правата q која е нормална на правата p и минува ноз точката R.
Притисни на копчето за Play и наблудувај ја конструкцијата. Колку заеднички точки имаат правите p и q?