Конструкција - збир на две отсечки
Дадени се две отсечки a и b.
Цртаме полуправа PT.
Со шестар конструираме кружен лак со центар во точката P и радиус a. Пресекот на кружниот лак со полуправата е точка R.
Со шестар конструираме кружен лак со центар во R и радиус b, на иста страна како што е првиот лак.
Пресекот на кружниот лак со полуправата PT е точка Q.
Отсечката PQ е збир на отсечките a и b.
PQ = a + b
Притисни на копчето за Play и наблудувај ја конструкцијата.